
Кина годинава ќе го заземе првото место во светот по одлив на милионери, со 15.200 богаташи кои оваа година ја напуштиле земјата, објав иконсултантската компанија „Хенли енд партнерс“.
Првите пет земји со најголем број богати граѓани кои ја напуштаат својата земја во 2024 година се Велика Британија, Индија, Јужна Кореја и Русија, објави Комерсант.
Експертите забележуваат дека миграцијата на милионерите е предизвикана од зголемената политичка нестабилност во набљудуваната земја или регион, како и економската несигурност во блиска иднина.











