Министерството за трговија на Кина денеска соопшти дека Европската унија продолжува да предизвикува трговски тензии во односите со Кина што може да предизвика „трговска војна“.
„Одговорноста е целосно на страната на ЕУ“, рече портпаролот на министерството, пренесе Ројтерс.
Кина се надева дека ЕУ ќе ги реши разликите преку дијалог и ќе избегне ескалација на трговските тешкотии.
Минатата недела Европската комисија предложи царини до 38,1 отсто за увоз на електрични возила од Кина и покрај противењето на Пекинг.
Соопштението на кинеското Министерство за трговија беше објавено околу еден час пред пристигнувањето на германскиот министер за економија Роберт Хабек во Пекинг.