Србија ќе стане регионален центар за автомобилската индустрија

Српскиот претседател Александар Вучиќ оствари средба со претставници на кинескиот мултинационален конгломерат Zhejiang Geely Holding, со кои разговараше за развојот на српската автомобилска индустрија и кинеските инвестиции во српската економија, пишува СееБиз.

– Развојот на автомобилската индустрија е еден од клучните елементи на нашата економска стратегија и еден од главните показатели за посветеноста на модернизацијата и зајакнувањето на овој сектор, што ќе привлече дополнителни странски инвестиции – наведе Вучиќ на својот Инстаграм профил, каде што истакна дека средбата со претставниците на овој кинески конгломерат била одлична.

Вучиќ додаде дека Србија ќе стане регионален центар за автомобилската индустрија со помош на современи технологии и меѓународни партнерства.

– Ќе продолжиме да работиме на создавање поволна деловна средина и привлекување нови инвестиции кои ќе придонесат за раст и развој на нашата економија – уверува Вучиќ.