Компанијата за роботакси на Римац го менува своето име

Project 3 Mobility, компанијата на Мате Римац која развива нов екосистем на урбана автономна мобилност, ќе го промени своето име во Vern, а новиот бренд ќе биде претставен во среда, на 26 јуни, во кампусот Rimac во Загреб.

„Во 19 век Жил Верн претстави слика за светот како што ќе биде во 21 век и беше исклучително прецизен во своето предвидување, поради што ја нарековме нашата компанија Верн по него. Исто како што пишуваше приказни за неверојатни авантури и нови пронајдоци, ние сакаме да создадеме возбудливи, нови пронајдоци кои луѓето ќе ги користат во иднина“, рече Игнацио Морело, креативен директор во Верн.

Игнацио Морело, креативниот директор зад брендот Верн, е познат по создавањето на културно релевантни и влијателни приказни, според изданието.

Со повеќе од 20 години искуство, вклучително и во мултинационалната агенција Saatchi & Saatchi, Морело ги обликуваше идентитетите на бројни светски брендови, вклучувајќи ги Mercedes-Benz, Toyota, Renault, Dolce & Gabbana, Bvlgari, Fendi, P&G и многу други.

„Верн ја разбира и ја применува психолошката привлечност на истражувањето засновано на приказни, комбинирајќи ја возбудата на креативното предвидување со возбудата од познатите авантури“. Оваа комбинација на идеи го прави брендот и иновативен и длабоко поврзан со традицијата на човечката желба за откривање и напредок“, додаде Морело.