Европската инвестициска банка (ЕИБ) ги објави најновите резултати од своето истражување за заемите на банките во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЕ) во кое банките посочија дека нивната профитабилност во регионот во споредба со целокупниот бизнис на групата е подобрена,а филијалите таму во просек се попрофитабилни од нивните матични банки.
Кога беа прашани за нивните долгорочни стратегии, 58 отсто од „прекуграничните“ банкарски групи покажаа подготвеност селективно да го прошират или одржуваат истото ниво на бизнис во регионот на ЈИЕ. Кредитниот квалитет во регионот исто така се подобрува. По падот во 2023 година, се предвидува дека коефициенти на нефункционални кредити ќе продолжат да се намалуваат во различни земји во регионот во 2024 година.
Банките очекуваат зголемена побарувачка на клиенти за кредити во сите категории, при што се очекува најголем раст на побарувачката за хипотека, а закрепнување на корпоративните инвестиции по период на бавен раст.
Се очекува затегнувањето на понудата на кредити на почетокот на 2022 година предизвикано од конфликтот во Украина, инфлацијата и повисоките каматни стапки наскоро да заврши со силни подобрувања во сите сегменти, пишува Бљесак.инфо.
Банките во регионот ги наведоа подобрувањето на пазарната перспектива и подобрите услови за финансирање како фактори кои придонесуваат за олеснување на стандардите за кредитирање, што сигнализира зголемена подготвеност на банките да им даваат кредити на своите клиенти.