Цената на нафтата падна

54

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути достигна највисоко ниво во последните два месеци.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 106,13 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 105,65 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 159,75 на 160,65 јени, што е највисоко ниво во последните 38 години.

Поради ова се очекува интервенција на јапонските монетарни власти, кои предупредуваат дека нема да толерираат прекумерен пад на курсот на јенот. И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0690 долари, додека вчера во ова време беше 1,0710 долари.

И додека паѓаше во однос на доларот, курсот на еврото во однос на јапонската валута скокна на највисокото ниво во историјата, 171,50 јени.

Цените на нафтата паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се лизна за 0,23 отсто, на 85,05 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 0,26 отсто, на 80,70 долари.