Забрза кредитирањето во еврозоната

Прелиминарните податоци на Европската централна банка (ЕЦБ) покажуваат дека кредитирањето на домаќинствата и компаниите во еврозоната благо забрзало во мај.

Кредитите на фирмите и граѓаните се зголемени во мај за 0,3 отсто во однос на истиот месец лани. Во април се зголемени за 0,2 отсто.

Кредитирањето забавува од септември 2022 година, кога ЕЦБ почна да ги зголемува клучните каматни стапки. Во есента 2022 година, кредитирањето на компаниите растеше со стапки повисоки од осум проценти. Кредитите на граѓаните во тој период пораснале за повеќе од четири отсто.