
Уредниот и убав дом е една од најважните работи што позитивно и пријатно влијае на нашата благосостојба. Затоа, многу е важно при реновирање или изградба да се најде доверлив и искусен изведувач кој квалитетно и во договорените рокови ќе ги изврши работите. За жал, на пазарот има многу даватели на услуги кои не ја вршат својата работа доволно добро. Секој од нас веќе слушнал за случаи на проблеми со мајстори, дали поради неквалитетна работа, доцнење или многу високи цени. Или дури и комбинации од сето тоа.
Добрата вест е што во последните години е постигнат голем напредок со дигитализацијата и во оваа област. Така, во денешно време, секој што има пристап до интернет, а со помош на порталот Daibau.mk, може да најде искусен мајстор и на тој начин да се погрижи неговиот проект да се реализира квалитетно, професионално и без одлагање. И што е најважно, трошоците да не излезат од контрола.
За кои работи можете да најдете изведувачи?

На веб страната Daibau.mk можете да најдете изведувачи за различни градежни работи и услуги. На нашиот профил има повеќе од 200 различни категории градежни работи. Голема предност на платформата е тоа што се вклучени голем број мајстори од цела Македонија. На овој начин, можете да најдете искусен градежен изведувач во вашето место на живеење за секоја работа што ви треба.
Ако сакате да навлезете во повеќе детали, можете да пребарувате и изберете изведувачи по локација и категории на работи. Сепак, можете едноставно да испратите барање, а самиот систем ќе го испрати до заинтересирани локални занаетчии кои ќе ве контактираат со понуди.
Дополнителна предност на системот е можноста за споредување на различни понудувачи. На тој начин системот ви помага да најдете квалитетен изведувач по разумна цена. Можете да ги видите постоечките референци за избраниот изведувач, како и поплаки и пофалби од многу луѓе кои ги користеле нивните услуги пред вас.
Кога поднесувате понуда, односно, барање, имајте на ум дека попрецизниот опис на она што го сакате ќе ви донесе подобар одговор од понудувачот. Со внимателно опишување на она што ви треба, им покажувате на изведувачите дека сте сериозен клиент за кој вреди да работи.
Од друга страна, на платформата може лесно, со помош на калкулаторот, приближно да ги пресметате сите ставки, што ќе ви олесни во процесот на преговарање.
Дали сте изведувач и сакате повеќе квалитетни клиенти?
Како и секој успешен бизнис, сигурно имате многу клиенти и работа. Но, сите знаеме дека одвреме-навреме има периоди кога има помалку работа и имате слободни капацитети. Исто така, треба да се размисли дали вашите постоечки клиенти се со доволен квалитет и дали, во зависност од квалитетот на вашите услуги, би можеле да понудите и услуги од повисока ценовна класа. Ова се причините поради кои многу компании се одлучуваат за соработка со системот Daibau. Можете да го пробате системот бесплатно. Едноставно пријавете се, пополнете го вашиот профил со описи и слики и веќе можете да почнете да добивате понуди.
Daibau делува како ваш личен секретар – собира барања, ја проверува сериозноста на секој клиент, бара дополнителни информации, а доколку е потребно и предлага избрани проекти. На крајот, вие избирате на кои проекти ќе одговорите. Daibau ви заштедува многу време, бидејќи добивате само сериозни барања, од кои можете дури и да бирате.

Добри мајстори и одлични клиенти
Секој клиент сака добар мајстор, како што и секој масјтор бара сериозни клиенти. Со Daibau.mk конечно постои место каде што овие луѓе можат да се сретнат. Оставете ја зад васстресната потрага по изведувачи и непредвидливоста на одреден квалитет на услугата. Обидете се, видете сами колку сето ова може да биде безбедно, едноставно и брзо на Daibau.mk.











