Европските берзански индекси главно се во пораст, се чека резултатот од британските избори

33

Европските берзански индекси денеска се главно во пораст, цените на златото и пченицата се намалени, додека пазарите ги чекаат резултатите од изборите во Велика Британија. Чиста победа на Лабуристичката партија, објавена со некои анкети, би ги смирила пазарите и би ја создала потребната стабилност за инвестиции, пишува Гардијан, повикувајќи се на мислењата на експертите од Сити во Лондон.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:30 часот порасна на 18.432,95 поени, британскиот FTSE 100 на 8.221,00 поени, францускиот CAC 40 на 7.679,04 поени, додека московскиот MOEX падна на 3.177,4 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна на 39.308,00 поени, индексот S&P 500 на 5.537,02 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 18.188,30 поени.

Американските берзи денеска ќе бидат затворени поради прославата на националниот празник Денот на независноста, со кој се одбележува потпишувањето на Декларацијата за независност на Соединетите Американски Држави.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 83.183 долари, а на нафтата од типот „брент“ се искачила на 86.712 долари.

Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 32,845 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2.354,21 долари за унца, а на пченицата на 5.7350 долари за бушел (бушел е еднаков на 27.216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,07915, што е приближно исто како и во средата.