Иванка Трамп гради луксузно одморалиште во Албанија

Иванка Трамп, ќерката на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер градат луксузен комплекс во Албанија, со кој ќе управува Аман ресортс, во сопственост на рускиот бизнисмен Владислав Доронин.
Таа неодамна ја потврди веста за изградба на луксузен ресорт.

„Во моментов работам со мојот сопруг. Ги привлекуваме најдобрите архитекти и најдобрите брендови на остров од 1.400 хектари во Средоземното Море“, рече Трамп.

Таа додаде дека храната ќе ја обезбедува реномираниот ресторан Carbone, со кој стопанисува Major Food Group, пренесува Indikator.ba.

Како што наведе таа, комплексот ќе биде многу модерен и ќе се води сметка за теренот и вегетацијата.

„Тоа нема да биде само убава стаклена кутија. Секако дека сакаме стакло и кога ќе погледнете од одморалиштето можете да го видите прекрасното сино море. Но, ние се прашуваме како да го направиме тоа на начин кој не е премногу генерички, па не ја губиме можноста да создадеме нешто ново“, објасни таа.

Фото: Pixabay