Вабтек ќе инвестира во Македонија – 35 милиони евра и нови 100 вработувања

88

По инвестицијата од 500 милиони долари на Алказар Енерџи во ветерен парк која е најголема во регионот и инвестицијата на германско белгиската компанија Епсотех Аим во Петровец од 20 милиони евра, Американски Вабтек ќе инвестира во Македонија, Американската компанија „Вабтек“ ќе инвестира во Македонија, најави премиерот Христијан Мицкоски. Компанијата Вабтек е дел од петстоте најголеми компании во САД.

Остварив средба со извршниот Потпретседател на компанијата во Вашингтон каде што беше потврдена динамиката на реализација на новата инвестиција. Повеќе од 100 нови вработувања, инвестиција вредна 35 милиони евра. Ќе се инвестира во производство на сопирачки за шински возила. Поголем извоз за подобра иднина, најави Мицкоски.