Паднаа цените на нафтата

79

Цените на нафтата паѓаат трет ден по ред. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово ослабе за 0,26 отсто, на 84,45 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,16 отсто, на 81,30 долари.

На валутните пазари, пак, вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо порасна, по коментарите на Пауел.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 105,15 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 105,02 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 160,95 на 161,50 јени.

И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0815 долари, додека вчера во ова време беше 1,0830 долари.