Србија купи уште пет тони злато и нема да застане тука

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ соопшти дека Република Србија и Народната банка на Србија купиле пет тони злато во вредност од 350 милиони евра и дека ова е добра вест за граѓаните.

– Сега имаме 46,5 тони злато во вредност од 3,3 милијарди евра. Ова е добра вест за граѓаните, постигнавме добри резултати – изјави Вучиќ за ТВ Пинк.

Ќе купуваме злато, додаде тој, за да се осигураме од тешки времиња.