
Минатата година 9,5 отсто од граѓаните на Европската унија не можеле да си дозволат оброк кој содржи месо, риба или еквивалент на вегетаријанска храна секој втор ден, што е за 1,2 отсто повеќе отколку во 2022 година, објави денеска Евростат.
Како што покажува истражувањето, лани уделот на граѓаните на Европската унија кои биле во ризик од сиромаштија бил 22,3 отсто, што е за 2,6 отсто повеќе во споредба со 2022 година.
Најголем дел од граѓаните кои не можат да си дозволат соодветен оброк е забележан во Словачка со 45,7 отсто, потоа Унгарија со 44,9 отсто и Бугарија со 40,2 отсто.












