Дејвид Боуви за Луи Витон

62

David Bowie for Louis VuittonГлавната улога во новата реклама на Луи Витон му припадна на музичката легенда Дејвид Боуви.

Краткиот филм насловен Покана за патување (L’Invitation au Voyage), дело на Ромејн Гаврас, нема да биде објавен до крајот на неделава, но модната куќа Луи Витон неодамна пушти кратко видео, како предвесник за филмот.

bowie-vuitton-6_2719618a

Дејствието се случува во Венеција, а во сцените се појавува познатиот црвено бел балон од претходното Патување, каде главна улога имаше американскиот модел Аризона Мјуз.

bowie-vuitton-2_2719621a

Режисерот на краткиот филм неодамна соработуваше и со други луксузни компании, како Диор, за која ја сними црно белата реклама за парфемот Dior Homme каде главната улога ја имаше ѕвездата на Twilight, Роберт Патинсон.