Грција воведува кризен данок

Во текот на летото, Грција ќе им наплати на производителите на електрична енергија „кризен“ данок и ќе ги користи приходите за субвенционирање на сметките за домаќинствата за да им помогне со трошоците за живот, рече премиерот Киријакос Мицотакис.

Цените на струјата значително се зголемија последните седмици поради пореметувања на европскиот пазар на електрична енергија и Грција мора да направи нешто додека Европската унија не најде решение за проблемот, изјави премиерот Мицотакис во интервју за TV SKAI.

„Владата затоа одлучи да воведе еднократен данок за производителите на електрична енергија кои користат гас и ги користат приходите за намалување на сметките за струја во август“, најави грчкиот премиер во интервју за Skai TV.

Компаниите ќе го плаќаат кризниот данок два месецa, а владата првично ќе ги субвенционира сметките само за август, додаде Мицотакис.

Во јуни, Атина воведе вонреден данок од 33 отсто за рафинериите на „многу висока заработка“ во 2023 година, што произлегува од значајните промени на меѓународниот пазар на нафта, изјави тогаш грчкиот премиер за радиото Real FM , додавајќи дека приходот ќе биде користи за буџетска поддршка и за помош на пензионерите со ниски примања.