За Гранде Панда од Крагуевац субвенции од 5.000 евра

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека граѓаните на Србија кои ќе купат електричен автомобил произведен во Крагуевац ќе можат да сметаат на 5.000 евра државни субвенции, пренесува еКапија

– Ако автомобилот чини 22 или 23 илјади, имате по пет илјади од нас, секој клиент – рече Вучиќ.

Компанијата FCA Србија денеска официјално ќе го одбележи успешното воведување на нови линии за производство на електричниот модел Fiat Grande Panda во фабриката Stelantis во Крагуевац.

На свеченоста по повод почетокот на производството на електричното возило се очекува присуство на највисоките државни функционери и претставници на Стелантис.

Фиат, инаку, најави цена во Италија под 25.000 евра за електричниот модел, додека хибридот ќе биде под 19.000 евра.