Bosch најавува аквизиции во вредност од осум милијарди евра

56

Германскиот технолошки гигант Bosch склучи договор вреден милијарди евра – најголемиот, како што се вели, во историјата на компанијата. Раководството во Герлинген кај Штутгарт прецизираше дека се работи за климатска и технологија за греење.

Групацијата планира да го преземе глобалниот бизнис со решенија за греење, вентилација и климатизација за станбени и мали комерцијални објекти од ирската компанија Џонсонс Контролс. Во исто време, Бош има намера да го купи заедничкото вложување на Џонсонс Контролс и јапонскиот индустриски конгломерат Хитачи, пишува ДПА.

Акционерите и надзорниот одбор на Бош ја одобрија трансакцијата и веќе се потпишани обврзувачки договори. Цената е осум милијарди долари, а зделката ќе биде завршена во рок од 12 месеци, доколку регулаторите дадат зелено светло.

Извршниот директор на компанијата Стефан Хартунг истакна дека трансакцијата е најголема во историјата на компанијата.

Компаниите кои Bosch планира да ги купи минатата финансиска година имаа обрт од околу четири милијарди евра и приближно 12.000 вработени ширум светот.

Аквизицијата вклучува 16 фабрики и 12 развојни центри во повеќе од 30 земји. Со оваа аквизиција, Bosch наводно ја зајакнува својата пазарна позиција во САД и Азија.