Интел ќе склопува мобилни телефони во Србија

68

intelАмериканската корпорација Интел планира најдоцна до половината на следната година во Србија да почне со склопување на мобилни телефони со Интел технологија, му соопштил потпретседателот на компанијата Џон Дејвис на српскиот министер за трговија Расим Љајиќ, пренесуваат српските медиуми.

Планирано е телефоните да се продаваат во Србија, земјите од регионот и државите со кои Србија има склучено договори за слободна трговија.

По состанокот со Дејвис, српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави дека Србија има амбиции да стане регионален лидер во областа на ИТ технологијата и дека е на добар пат, во соработка со најголемите компании во светот, тоа и да го оствари.

Интел е присутен во Србија од 2011 година и во својот развоен центар во Белград вработува 22 лица.