Во Германија најмногу „фалсификати“ од 2017 година

Во Германија во првата половина од годината се појавија повеќе фалсификувани банкноти отколку кога било во претходните седум години. Во исто време, меѓу нив речиси и да нема големи, објави во петокот Бундесбанката.

Имено, надлежните конфискувале 38.578 банкноти, со вкупна номинална вредност од 2,4 милиони евра. Во 2017 година ги имало повеќе, 39.685.

Споредено со втората половина од минатата година, имало 29 отсто повеќе лажни банкноти, соопшти германската централна банка.

Сепак, штетата предизвикана од фалсификуваните банкноти е зголемена за само пет отсто од минатата година, бидејќи криминалците претпочитаат помали апоени, пренесува dpa.

Најзастапени се лажните банкноти од 50 евра, со учество од 37 отсто. Следуваат дваесеттите, со 30 проценти. Меѓу сите фалсификувани банкноти, 15 отсто биле оние со број 100. Во првите шест месеци од годинава имало значително повеќе банкноти од 10 евра, но тие сепак изнесуваат само седум отсто. Од друга страна, лажно испечатените пари од апоени од 200 и 500 евра паднале на само десетина.

„Сè на сè, има малку фалсификувани пари во оптек – статистички, имаше девет од нив на 10.000 жители на Германија“, рече претседателот на управниот одбор на Бундесбанк, Буркхарт Балц.