Првите податоци за резултатите од туризмот во Хрватска укажуваат дека има благ пад на прометот во угостителството, но и дека туристите пристигнале порано годинава, а доколку сезоната се продолжи за есен – резултатите би можеле да бидат на ниво од минатата година.
Јелена Табак, раководител на Здружението на угостителски дејности на ХГК, за ХТВ изјави дека туристичката сезона се одвива според очекувањата.
„ЕП (во фудбал) беше во Германија, Олимписките игри се во Париз, очекувавме дека во овој период од годината можеби ќе имаме и борба за гости. Резултатите на национално ниво, кои можевме да ги слушнеме на секторскиот состанок пред неколку дена во Сплит, се во согласност со стратегијата за одржлив развој на туризмот, што значи дека во претсезоната имавме поголем раст од сега во шпиц на туристичката година“, изјави Табак. и додаде:
„Со други зборови, не е дека немаме раст, туку имаме стагнирачки промет, а можеби дури и пад на некои микролокации. Тоа можеби звучи лошо, бидејќи сме навикнати на луди количини на работа во јули и август, но тоа е она за што се боревме, да направиме повеќе во првиот и последниот дел од годината и да го олесниме шпицот на сезоната“.