
Според првата прелиминарна проценка, економијата на еврозоната пораснала за 0,3 отсто квартално во вториот квартал од 2024 година, со исто темпо како и економијата на Европската унија, објави денеска Евростат.
Темпото на економски раст е исто како и во првиот квартал од 2024 година, кога економиите на еврозоната и ЕУ исто така пораснаа за по 0,3 отсто во однос на четвртиот квартал од 2023 година.
На годишна основа, економијата на еврозоната во вториот квартал од 2024 година порасна за 0,6 отсто во однос на истиот квартал лани, а економијата на Европската унија за 0,7 отсто.












