Комерцијална банка АД Скопје има намера да даде понуда за преземање на сите обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка А.Д. Битола

Согласно член 22, став 1 од Законот за преземање на акционерските друштва,   Комерцијална банка АД Скопје, застапувана од Управниот одбор, известува дека има намера да даде понуда за преземање на сите обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка А.Д. Битола.

Инаку во април Комерцијална банка АД Скопје ја извести јавноста дека Надзорниот одбор на Банката на 25.04.2024 година донесе Одлука за спроведување постапка на длабинска анализа на целокупното работење на Стопанска банка АД Битола со цел да се дефинира намера за присоединување на Стопанска банка АД Битола кон Комерцијална банка АД Скопје.