Европските и американските берзански индекси денеска се во пад, златото поскапе, а цената на нафтата „брент“ се движи над 78 долари за барел.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:20 часот падна на 17.493,55 поени, британскиот FTSE 100 на 8.050,90 поени, францускиот CAC 40 на 7.208,79 поени, а московскиот MOEX на 2.877,12 поени.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 75.113 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 78.178 долари. На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 38.650 евра за мегават-час.
Цената на златото порасна на 2.398,17 долари за унца, а на пченицата на 5,3967 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг). Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,09440, што е за 0,15 отсто повисока отколку во средата.