
Продажбата на Porsche во Централна и Источна Европа достигна рекордно високо ниво во првата половина на 2024 година.
– Благодарение на нашиот тим, партнерите и дилерите од целиот регион, на клиентите им испорачавме вкупно 4.437 автомобили, што претставува зголемување од 7% во однос на истиот период минатата година. Посебна благодарност до нашите растечки страсни клиенти во регионот, напиша Porsche на LinkedIn.
Со претставувањето на целосно електричниот Macan, новата Panamera, Taycan и новата 911, компанијата моментално го има најсилното портфолио на производи на Porsche на сите времиња, пренесува SEEbiz.
– Иако сè уште не се пристигнати сите модели во нашиот регион, ова не става во идеална стартна позиција за наредните години. Подготвени сме за следните успеси, заклучува Порше.












