
Во 2023 година во Европската унија се собрани 48,3 милиони тони компир, што е благ пораст во однос на 2022 година кога се собрани 47,5 милиони тони.
Сепак, има долгорочен пад на производството на собрани компири – нивото на производство во 2023 година било за 27,9 милиони тони помалку од 2000 година, што е еднакво на пад од 36,7 проценти, покажуваат податоците на Европската статистичка служба – Евростат.
На ниво на земја, Германија беше најголемиот производител на компири во ЕУ во 2023 година и произведе 11,6 милиони тони, или 24 отсто од вкупното производство во ЕУ. Следува Франција со удел од 17,9 отсто и Холандија чие учество е 13,4 отсто. Овие три земји на ЕУ учествуваа со 55,4 отсто од собраниот производ на компир во ЕУ во 2023 година.
На дното по производство на компир е Хрватска, која е петта земја со најмалку произведени компири. Помалку од нашата земја произведуваат и Бугарија, Кипар, Естонија и Словенија.
25.000 фарми во ЕУ се вклучени во органското производство на компири. Ова претставува само 2,5 отсто од сите фарми кои произведуваат компири. Австрија имала најголем удел на фарми кои органски произведувале компири – 25,6 отсто од нив.












