
Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.08/2024 за долгови доспеани до 30.04.2024 и неплатени до 31.07.2024 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
повисок од 300.000 денари за правните лица.
На Листата на должници бр.08/2024 објавени се 1992 должници – правни лица (повеќе за 122 од претходната листа) и 3842 физички лица (повеќе за 68 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.08/2024 изнесува 11.135.849.458 денари, (повеќе за 413.156.963 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.978.593.260 денари, (повеќе за 413.178.579 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 157.256.198 денари (помалку за 21.616 денари од претходната листа).











