Турција: И покрај враќањето на инвеститорите, невработеноста се искачи на 9,2 отсто!

Туркстат минатата недела објави дека годишната стапка на инфлација во Турција во јули паднала од 71,6 отсто во јуни на 61,78 отсто.

Невработеноста во Турција, највисока во последните десет месеци, во јуни порасна на 9,2 отсто

Сезонски приспособената стапка на невработеност во Турција се зголеми од 8,5 отсто на 9,2 отсто во јуни и сега е највисока во последните десет месеци, објави денеска турскиот статистички институт Туркстат.

Пазарите очекуваа спротивен тренд, односно пад на инфлацијата на 8,2 отсто.

Бројот на регистрирани невработени во Турција се зголемил за 234.000 на 3,3 милиони, додека бројот на вработени е намален за 341.000 на 32,5 милиони невработени лица.