На почетокот на јули стапија на сила привремените царини за увоз на електрични автомобили од Кина. Еден месец подоцна, податоците покажуваат дека овие тарифи веќе се почувствувани во регистрациите во Европа.
Кога ги анализираме податоците за регистрациите на нови автомобили за даден месец или за кумулативен период, обично ги споредуваме со истите бројки добиени претходната година за истиот период. Сепак, интересно е да се анализираат податоците со оние од претходниот месец.
Се мисли на бројот на регистрации на кинески производители во Европа со нивните сеприсутни електрични автомобили во текот на претходниот месец. Царините, кои во најлошото сценарио достигнуваат и до 37,6 отсто, очигледно имаа директен ефект врз споменатите регистрации, што можевме да го видиме од резултатите од минатиот месец.
Намалување на продажбата на електрични автомобили
Факт е дека кинеските брендови изгубија позиции во јули, со продажни бројки за дури 45 отсто помали од оние забележани во јуни, покажуваат податоците од платформата Dataforce врз основа на регистрации од 16-те земји-членки на ЕУ за кои се води евиденција. Сепак, треба да се има на ум еден важен детал. Во пресрет на стапувањето во сила на царините, многу кинески брендови ја турнаа својата продажба во текот на јуни. Според тоа, во шестиот месец во Европа беа продадени 23.000 електрични автомобили, вклучувајќи го секако и пазарот во Велика Британија.
Да речеме дека во Германија бројот на регистрации на кинески брендови паднал од 13 на 8 отсто, а во Франција од 8 на 5 отсто. Во Британија, пак, е забележан благ раст, но европскиот пазар во целина бележи пад.
BYD го ублажува падот на кинеските брендови
И покрај овие бројки, постојат две кинески марки кои сè уште се издвојуваат над останатите: MG и BYD. Двата големи играчи продолжуваат да се подобруваат, со пазарен удел од 8,5 отсто во јули, во споредба со 7,4 отсто една година порано. Сепак, растот е нерамномерен во последните месеци.
Кинескиот производител на автомобили број 1, BYD, е во полн ек во Европа, продавајќи три пати повеќе од една година претходно во истиот период, иако исклучиво продава електрични и хибридни автомобили. Исто така, бројките се уште се под очекувањата. Имено, BYD за половина година продал само околу 17.000 автомобили на европскиот пазар. Од друга страна, МG, кој е во сопственост на кинескиот гигант SAIC, забележа пад од 20 отсто. Polestar на Geely падна уште повеќе, за 42 отсто.
Сепак, треба да се забележи дека додека BYD се соочува со најниски тарифи од 17,4 проценти, наметнати од Европската комисија, MG се соочува со највисока стапка од 37,6 проценти. Сепак, MG сè уште најмногу ги „лови“ клиентите на сметка на моделите со SUS мотори.