Просечната нето плата во Хрватска е 1.315 евра

98

Просечната месечна нето-плата по вработен во правните лица во јуни изнесува 1.315 евра, објави во средата Државниот завод за статистика на Република Хрватска.

Споредено со минатиот јуни, тоа е номинално повисоко за 14,3 отсто, а поради инфлацијата всушност е повисока за 11,6 отсто.

За периодот од јануари до јуни годинава, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во правни лица во Република Хрватска изнесува 1.297 евра, што е номинално за 15,5 отсто поголема од истиот период лани, а реално за 11,5 отсто.

Податоците на ДЗС откриваат и дека 148.000 вработени во јуни годинава земале нето плата помала од 740 евра месечно. Тоа е 10 отсто од сите вработени во правните лица во Хрватска, од кои во јуни имало околу 1,48 милиони.