
Автомобилскиот гигант Фолксваген повеќе не ја исклучува можноста за затворање на фабрики и принудни отпуштања во Германија како дел од нејзината програма за намалување на трошоците на нејзиниот клучен бренд VW, објави компанијата во понеделникот, пренесе Сеебиз.
Раководството на VW соопшти дека ќе го откаже долгогодишниот договор со работниците во Германија со кој се отфрлаат задолжителни отпуштања до крајот на 2029 година. Договорот е во сила од 1994 година.
Компанијата рече дека директорите веруваат дека брендот VW мора сеопфатно да се реструктуира и дека сегашните напори за намалување на работната сила преку пакети за предвремено пензионирање и доброволно отпуштање нема да бидат доволни за да се исполнат целите за штедење.
Дури и затворањето на фабриките за производство на возила и компоненти веќе не може да се исклучи во сегашната ситуација без брзи контрамерки, објави VW.
Работничките лидери на VW рекоа дека ќе водат сеопфатна битка против плановите.
Даниела Кавала, која го предводи работничкиот совет во VW, ги нарече плановите „напад врз нашите вработувања, работни места и колективни договори“ во специјалното издание на весникот на работниот совет, Митбестимен, до кој дојде ДПА.
„Ова го доведува во прашање самиот VW, а со тоа и срцето на групата Фолксваген. Ние жестоко ќе се браниме од ова“, им напиша Кавало на работниците. „Со мене нема да има затворање на фабриката на VW!











