Тесла планира да произведе варијанта со шест седишта на својот најпродаван електричен автомобил Model Y во Кина, објави Ројтерс, цитирајќи два анонимни извори запознаени со ова прашање.
Според извештаите, производството на оваа варијанта на електричното возило би можело да започне на крајот на 2025 година.
Тесла побара од добавувачите да се подготват за двоцифрено зголемување на производството на Model Y во неговата фабрика во Шангај, рече еден од изворите.
Американската компанија го претстави Model Y во 2020 година и неодамна го реконструираше во рамките на проектот наречен „Juniper“.
Оваа варијанта ќе има пет седишта и ќе биде лансирана на почетокот на 2025 година, а не оваа година како што првично беше планирано, изјави друг извор на британската агенција.
Американскиот производител на електрични автомобили Тесла во јули објави дека неговиот профит во вториот квартал на 2024 година паднал за 45 отсто на годишно ниво на 1,5 милијарди долари поради слабата продажба на возила.
Резултатите најверојатно ќе го зголемат притисокот врз Tesla и нејзиниот извршен директор Илон Маск да најдат нови начини да растат и да заработат пари, објави тогаш Њујорк Тајмс (NYT).
Tesla се соочува со сè пожестока конкуренција, како на американскиот пазар, така и во странство, а проблем е и забавениот раст на интересот на потрошувачите за електричните возила.