Според првата прелиминарна проценка, цените на производителите во индустријата во еврозоната во јули пораснале за 0,8 отсто, по месечен раст во јуни од 0,6 отсто, објави денеска Евростат.
Според извештајот, произведувачките цени во индустријата на еврозоната претходно паѓале седум последователни месеци.
Продажните цени на енергенсите во еврозоната во јули се зголемени за 2,8 отсто месечно, а на капиталните производи се стабилни, а на трајните производи за широка потрошувачка, на нетрајните производи за широка потрошувачка и на интермедијарни производи се намалија за по 0,1 отсто.