Германскиот БДП годинава ќе стагнира, објави денеска минхенскиот институт за економски истражувања Ifo. Тој претходно прогнозираше економски раст на Германија од 0,4 отсто.
Институтот ја намали и прогнозата за раст за следната година, за 0,6 процентни поени на 0,9 отсто. Германскиот БДП се очекува да порасне за 1,5 отсто во 2026 година.
„Германската економија е заглавена во пад, додека другите земји се во пораст. Имаме структурна криза“, проценува Тимо Волмершаузер, прогнозер во Ифo.
Годинешниот раст особено ќе биде попречен од градежниот и производствениот сектор. Во првиот се очекува пад на производството за 3,1 отсто, а во вториот за два отсто.