Цените на нафтата и златото пораснаа

77

Денеска европските берзански индекси се во пораст, американските индекси во пад, додека на пазарите истовремено е забележан раст на цените на нафтата и златото.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:30 часот порасна на 18.386,25 поени, британскиот FTSE 100 на 8.230,75 поени, францускиот CAC 40 на 7.379,28 поени, а московскиот MOEX на 2.651,80 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна на 40.345,41 поени, индексот S&P 500 на 5.408,42 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 16.690,83 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта порасна на 68.715 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 72.137 долари.

Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 36,8 евра за мегават-час.

Цената на златото порасна на 2.493,82 долари за унца, а цената на пченицата падна на 5,4870 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,10595, што е за 0,23 отсто помалку од петокот.