Македонија во јули ја посетиле 53.296 турски туристи

96

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јули 2024 година изнесува 204 336, од кои 41.8 % се домашни туристи, а 58.2 % се странски туристи.

Вкупниот број на туристи изнесува 204.336, од кои домашни се 85.509, а странски 118.827. Најмногу туристи нѝ доаѓаат од Турција 53.296, следуваат туристите од Србија 10.402, Холандија 4.817, Полска 4.445, а во првата петорка се и туристите од Романија 3.995.

Бројот на ноќевањата во јули 2024 година изнесува 756 831, од кои 70.6 % се од домашните туристи, а 29.4 % од странските туристи.

Во периодот јануари – јули 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8.7 % вкупно, при што кај домашните туристи има намалување за 0.5 %, а кај странските има зголемување за 13.7 %.

Во периодот јануари – јули 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 6.1 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2.7 %, а кај странските има зголемување за 9.7 %.