Турција стана најголемиот купувач на злато во светот

Цените на златото се на рекордно високо ниво, а причина за тоа е веројатната одлука на властите во Соединетите Американски Држави за намалување на каматните стапки. Се очекува тоа да се случи веќе во среда, на 18 септември.

Трговците со акции претпоставуваат дека златото ќе биде уште попривлечно. Овој благороден метал повторно станува сè поинтересен во споредба со државните обврзници. Голема побарувачка за злато има и кај централните банки.

Имено, Турција стана најголемиот купувач на злато во светот. Податоците на Светскиот совет за злато покажуваат дека оваа земја во првата половина од годинава купила речиси 45 тони злато, што претставува посебно стратешко богатство.

Експертите истакнаа дека Турција бара сигурност поради слабата национална валута и високата инфлација. Покрај тоа, земјите како Турција, Кина и Индија се стремат да бидат понезависни од американскиот долар преку златните резерви.

Цената на една три унци (31,1 грам) злато на почетокот на неделата на лондонската берза порасна на 2.589 долари, што е највисока цена досега. Цената на златото порасна за значителни четири отсто за седум дена.

Со оглед на тоа што на светскиот пазар вообичаено се тргува во американски долари, слабоста на американската валута го прави овој благороден метал поевтин во многу земји, што ја фаворизира неговата побарувачка и цена, пишува порталот taggeschau.