Банките, штедилниците и сите институции кои во иднина ќе даваат платежни услуги, не смеат да наплатуваат надоместоци за затворање на платежната сметка што граѓаните и фирмите ја користеле подолго од 6 месеци.
☝ Исто така, не смеат да наплаќаат надоместоци на неактивните сметки на граѓаните, а се должни да продолжат да пресметуваат камата на позитивното салдо, согласно договорните услови.
📌 Платежната, односно депозитната сметка, се смета за неактивна ако во последните 2, односно 10 години, не е користена од сопственикот, при што давателот на платежни услуги не успеал да воспостави контакт и не добил известување од граѓанинот дека ќе продолжи да ја користи.
👉 Во случај на спротивно постапување, може да се достави поплака до Дирекцијата за финансиска едукација и заштита на потрошувачите при Народната банка, која ги разгледува и соодветно постапува по претставките од граѓаните и фирмите.