Цените на нафтата паднаа во средата, откако пораснаа два дена по ред, бидејќи слабите макроекономски податоци влијаеа на побарувачката, неутрализирајќи го можното нарушување од конфликтот на Блискиот Исток и потенцијалното силно влијание на очекуваното намалување на каматните стапки во САД.
Фјучерсите на суровата нафта „брент“ за ноември се намалија за 49 центи, или 0,7 отсто, на 73,21 американски долари за барел. Фјучерсите на американската сурова нафта (WTI) за октомври паднаа за 50 центи, или 0,7 отсто, на 70,69 долари за барел.
Аналитичарите проценуваат дека, во просек, резервите на сурова нафта минатата недела паднале за околу 500.000 барели, пренесува Ројтерс. Извештајот на американската Администрација за енергетски информации треба да биде објавен денеска.