Eдинаесет бели тартуфи беа продадени на аукција во Италија, по цена од 274.200 евра. Купецот, кој сака да остане анонимен, е од Кина.
Според организаторите на аукцијата, неименуван познат писател од Хонг Конг, кој ги победил останатите наддавачи жестоко се наддавал преку телефон и го платил белиот деликатес од 950 грама три пати повеќе од злато.
Аукцијата се одржа викендов во замокот Grinzane Cavour во регионот Пиемонт, Северна Италија. За време на истата непознат купувач купил 305 грама тартуфи, како подарок за новиот градоначалник на Њујорк, американецот со италијанско потекло Бил Де Бласио.
Вкупната сума која беше собрана на 14-то по ред издание на Белите тартуфи од Алба ќе биде донирана на фондацијата Пиедмонт каде се вршат истражувања за ракот.
Сумата од продажбата од Хонг ќе биде донирана во институтот Избор на Мајката (Mother’s Choice) кој што се грижи за сирачиња и ранлива категорија на мајки, се вели во соопштението на организаторите.