
Акциите на Mercedes-Benz денеска паднаа за осум отсто, откако компанијата ги намали очекувањата за заработката во 2024 година поради послабата побарувачка во Кина.
Компанијата прогнозира дека нејзината заработка пред камати и даноци (EBIT) ќе биде „значително пониска“ од претходната година и дека нејзиниот прилагоден принос од продажба ќе биде помеѓу 7,5 и 8,5 проценти, што е помалку од претходната прогноза од опсег од 10 и 11 проценти. , пренесува CNBC.
Mercedes-Benz изјави дека намалените очекувања за заработка се должат на „натамошното влошување на макроекономското опкружување“ на кинескиот пазар.











