Буџетскиот дефицит на Русија се очекува да изнесува 0,5 од бруто домашниот производ (БДП) во 2025 година, соопшти денеска руското Министерство за финансии.
Според нацрт-федералниот буџет, беше проектиран дефицит во државната каса во 2026 година од 0,9 отсто од БДП, како и 1,1 отсто од БДП во 2027 година, пренесе ТАСС.
„Буџетот се формира врз основа на обезбедување на структурно салдо и нула примарен структурен дефицит, така што се претпоставува дека вкупниот буџетски дефицит ќе биде во границите од 1,0 отсто од БДП на годишна основа“, велат од Министерството за финансии.