Глобалната економија ќе порасне за по 3,2 отсто во 2024 и 2025 година

93

Глобалната економија годинава ќе порасне за 3,2 отсто, со исто темпо како и во 2025 година, се вели во прогнозата што денеска ја објави Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Се предвидува дека индиската економија ќе порасне за 6,7 отсто во 2024 година и ќе забрза до 6,8 отсто во 2025 година, а економијата на Индонезија за 5,1 отсто оваа година и 5,2 отсто следната година.

Организацијата за економска соработка и развој смета дека економскиот раст на Кина оваа година ќе биде 4,9 отсто, а следната година ќе забави на 4,5 отсто.

Се очекува Русија да доживее силен економски раст од 3,7 отсто оваа година, кој сепак значително ќе забави до 1,1 отсто во 2025 година.

Растот е релативно силен во многу земји од Г20, вклучувајќи ги САД, Бразил и Велика Британија, додека послаб резултат е забележан во Германија и значителен пад во Аргентина, се вели во извештајот.

Се очекува еврозоната да порасне за 0,7 проценти оваа година и за 1,3 проценти следната година, бидејќи економската активност ќе биде поддржана со повисоки реални приходи и заеми кои ќе бидат повеќе достапни.

Глобалниот раст на производството останува отпорен, а инфлацијата продолжи да се намалува и се прогнозира дека следната година ќе изнесува просечни 3,3 проценти.

Организацијата за економска соработка и развој на глобално ниво очекува стабилизирање на економскиот раст, натамошен пад на инфлацијата и зголемување на реалните приходи, како и помалку рестриктивна монетарна политика.