Богатството на Бернард Арно се зголеми за 17 милијарди долари поради новите економски мерки во Кина

116

Богатството на сопственикот на групацијата за луксузни стоки LVMH Бернард Арно се зголеми за 17 милијарди долари на 201 милијарда долари, откако кинеската централна банка (PBoC) го претстави пакетот стимулативни мерки за поттикнување на економијата.

Акциите на LVMH скокнаа за 9,9 отсто бидејќи инвеститорите веруваат дека новите економски мерки ќе ја зголемат кинеската побарувачка за луксузни стоки, пишува Bloomberg.

Богатството на Арно, моментално четвртиот најбогат човек во светот, е речиси целосно врзан за неговите 48 проценти од акциите во LVMH.

Според актуелната листа на милијардери на Блумберг, најбогат човек на светот и натаму е американскиот претприемач Илон Маск со имот од 268 милијарди долари.

На второ место е основачот на Amazon, Џеф Безос, со богатство од 214 милијарди долари, додека на третата позиција е извршниот директор на компанијата Мета, Марк Цукерберг, чие богатство се проценува на 202 милијарди долари.

На листата се наоѓаат ко-основачот на технолошката компанија Oracle Лари Елисон – 181 милијарди долари, како и коосновачот на Microsoft Бил Гејтс со богатство од 163 и поранешниот директор на Microsoft Стив Балмер 149 милијарди долари.

Коосновачот на Google, Лери Пејџ, 147 милијарди долари, инвеститорот Ворен Бафет (143 милијарди долари) и другиот ко-основач на Google, Сергеј Брин (139 милијарди долари) се во првите десет.