Можно е уште едно поскапување на кафето до крајот на оваа година

100

Пазарот на кафе не мирува, а како што се очекува, годинава може да има уште едно поскапување на овој производ.

Колку ќе поскапи ќе зависи од движењето на цената на суровините и од неколку фактори кои одамна не се во рацете на овој сектор.

Двата најголеми светски производители не носат добри вести. Бразил нема дожд од април, а Виетнам веќе најавува 25 отсто помал род. Понудата на кафе моментално е во дефицит, а побарувачката дури и благо расте, а кога сето тоа ќе се сумира во синџирот на снабдување, доаѓаме до фактот дека наскоро ќе чекаме повисоки цени за овој производ.

Кога станува збор за кафето, станува збор за послаба реколта, логистички проблеми со пристигнувањето на бродовите, мала достапност на кафе на лице место, инволвираност на фондовите на берзите.