Нето надворешниот долг изнесува 4.481 милиони евра

На 30.6.2024 година, нето надворешниот долг изнесува 4.481 милион евра (или 30,8% од проектираниот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во вториот квартал од 2024 година е зголемен за 109 милиони евра, или за 2,5%. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 64%, објави Народната банка.

Во текот на вториот квартал од 2024 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 185 милиони евра и изнесува 8.622 милионa евра, што претставува 59,2% од проектираниот БДП за 2024 година.

Најновото соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција е достапно на следната врска:

https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/ND%20NP%20MIP/2024/Soopstenie_dolg_MIP_Kv.2_2024.pdf