Игор Камбовски и Стевчо Јолакоски избрани за членови на Надзорен одбор на Стопанска банка а.д. Битола

Од Стопанска банка а.д. Битола преку Македонска берза информираат дека за членови на Надзорен одбор на Стопанска банка а.д. Битола се назначени Игор Камбовски и Стевчо Јолакоски.

“Врз основа на Одлука од Собрание на акционери бр.02-8051/1/II-3 од 3.7.2024 година и Решение за издавање на претходна согласност од Народна банка на Република Северна Македонија бр.15-25796/6 од 27.9.2024 година, за член на Надзорен одбор на Стопанска банка а.д. Битола е назначен г. Стевчо Јолакоски.

Исто така, врз основа на Одлука од Собрание на акционери бр.02-8051/1/II-3 од 3.7.2024 година и Решение за издавање на претходна согласност од Народна банка на Република Северна Македонија бр.15-27231/8 од 27.9.2024 година, за член на Надзорен одбор на Стопанска банка а.д. Битола е назначен г. Игор Камбовски“, стои во објавата.