Грција продава удел во Националната банка: Можна добивка од 727 милиони евра

62

Грција се подготвува да продаде 10% од акциите во Националната банка на Грција, што ќе го означи крајот на процесот на приватизација по државната помош пред повеќе од една деценија.

Ценовниот опсег е поставен помеѓу 7,30 и 7,95 евра, објави во понеделникот (Hellenic Financial Stability Fund)-Грчкиот фонд за финансиска стабилност (ХФСФ).

Грција на тој начин би можела од продажбата да заработи дури 727,2 милиони евра, а трансакциите се очекува да бидат затворени на 2 октомври.

Владата ќе задржи 8,4% од акциите во Националната банка на Грција.

Еуроњуз вели дека одлуката доаѓа по голем број продажби на средства во текот на изминатата година, симболично за закрепнувањето на Грција од должничката криза во 2009 година.

Државата целосно се повлече од Еуробанк, Алфа банка и Пиреус.

На почетокот на оваа година, ЕЦБ им дозволи на грчките банки да исплаќаат годишна дивиденда на акционерите за прв пат од 2008 година.

Грчката економија се предвидува да порасне за 2,3% во 2025 година, според податоците на Европската комисија – повисок од просекот во еврозоната.