Тојота ќе инвестира дополнителни 500 милиони долари во Joby Aviation како дел од партнерството насочено кон започнување на комерцијален бизнис со летечки такси.
Инвестицијата е наменета за поддршка на сертификација и производство на авион сличен на хеликоптер кој ќе се користи за такси услуги, пренесува АП.
Вкупната сума што Toyota ја инвестираше во Joby Aviation е 894 милиони долари, што им даде 22 отсто од акциите во компанијата.
„Знаењето и поддршката на Toyota беа клучни за нашиот успех додека ја реализираме нашата заедничка визија за иднината на воздухопловството“, рече Џо Бен Бевирт, основач и извршен директор на Joby Aviation.
Тој додаде дека неодамна го изградиле својот трет авион и во моментов се во процес на издавање на четвртиот од петте сертификати.