Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – август 2024 година, изнесува 319 477.5 милиони денари и бележи пад од 5.7 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – август 2024 година, изнесува 451 884.3 милиони денари, што е за 0.5 % повеќе во споредба со истиот период од претходната
година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – август 2024 година, изнесува 132 406.8 милиони денари. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – август 2024 година, изнесува 70.7 %.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени
нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица.
Во периодот јануари – август 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.
Стоковна размена изразена во евра и САД долари
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – август 2024 година, изнесува 5 190.2 милиони евра и бележи пад од 5.7 % во однос на истиот период од претходната
година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7 341.3 милиони евра, што е за 0.6 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – август 2024 година,
изнесува 2 151.2 милиони евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – август 2024 година, изнесува 5 625.3 милиони САД долари и бележи пад од 5.8 % во однос на истиот период од претходната година.
Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7 955.7 милиони САД долари, што е за 0.4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – август 2024 година, изнесува 2 330.4 милиони САД долари.